Црна хроника
Девет години затвор за грабнувачите на Анѓел Стојанов
По девет години казна затвор добија таткото Перо и синот Борис Нацеви од Велес за грабнување на дваесет и пет годишниот Анѓел Стојанов, пресуди Кривичниот судски совет, пренесе `Лисица`.
Пресудата предизвика шок и изненадување кај осудените и нивните роднини.
Полицијата спречи инцидент помеѓу двете семејства. Незадоволен од пресудата, адвокатот на Нацеви тврди дека казната е превисока и е донесена врз основа на претпоставки.
„Најавувам жалба против пресудата, па ќе видиме што ќе донесе Апелација во Скопје. Перо и сам го признава делото, но сметам дека казната за него е превисока, додека за Борис нема докази за стореното кривично дело“, рече Акија Мандак, адвокат.
Пресудата не може да ни го врати синот. Вака родителите на Анѓел го изразија своето незадоволство од изречената казна.
„Ова не е киднапирање, ни грабнување, ова е убиство, човекот го нема. Ќе бараме подетална истрага за целосно расветлување на случајот“, рече Сашко Стојанов, татко на Анѓел.
До правосилноста на пресудата, судот им го продолжи притворот на Перо и Борис Нацеви. /крај/ли/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.