Црна хроника
Разбиена криминална група која крадела пари со фалсификувани картички
Разбиена е тринаесетчлена меѓународна криминална група којашто крадела пари со фалсификувани платежни картички.
Дванаесет членови од криминалната група биле Македонци, од Скопје, Охрид и Прилеп, а еден бил Црногорец.
Група украла половина милион денари, преку успешни трансакции. Групата била формирана во јуни 2011 година, а на почетокот вршеле нелегални трансакции со фалсификувани платежни картички на бензински пумпи низ Скопје.
Во 2012 година почнале да вршат нелегални трансакции со фалс картички на продажни места каде што имале претходен договор со сопствениците или вработените.
„На тој начин на 19.05.2012 година членовите на криминалната група, по претходен договор со С.Ј., келнер во ресторан во Скопје, извршиле нелегална трансакција со фалсификувана платежна картичка во износ од 77.000 денари, плаќајќи за роденденска забава во ресторанот. Во текот на јуни и јули 2012 година во Охрид, братот и сестрата заедно со Г.М., а по претходен договор со М.Р., сопственик и управител на салон за убавина и златара извршиле три успешни нелегални трансакции во износ од 181.500 денари и 14 неуспешни нелегални трансакции во износ од 1.130.300 денари“ соопштуваат од МВР.
При претреси во нивните домови полицијата пронашла опрема за прибирање на податоци од платежни картички, три скимери за преснимување на податоци од платежни картички кои се поставуваат на банкомати и служат за крадење на податоци од платежни картички, повеќе делови од скимери, девет фалсификувани платежни картички, 14 надворешни мемориски уреди, 19 компјутери, 22 телефонски апарати и 98 сим картички. Одземените предмети се доставени до Одделот за крим техника заради вештачење.
Против членовите и организаторите на групата е поднесена кривична пријава за Злосторничко здружување, правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување, и изработка и употреба на лажна платежна картичка./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.