Црна хроника
Охриѓанец го прободел брата си со нож
Охриѓанец го нападнал и го расекол со нож својот брат, соопшти МВР.
Во среда вечерта околу 22.30 часот, четириесет и двегодишниот Алим. А. без причина ја нападнал својата мајка во нивниот дом на улица „Спас Банџов“ во Охрид. Во одбрана на мајката застанал две години помалиот брат.
По жестоката расправија меѓу браќата, Алим влегол во куќата зел нож и го расекол братот. Повредениот е пренесен во охридската болница на лекување. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл, тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен Турчин на граничниот премин Ќафасан, на увид дал фалсификувана патна исправа
Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Т.С.Т. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа, извести МВР.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.