Црна хроника
Обвинетите од „Детонатор“ ќе се соочат со кочанецот кого се обиделе да го убијат
Обвинетите во случајот „Детонатор“ во петок ќе се соочат со Драган Стоименов од Кочани, кого, според обвинението, се обиделе три пати да го убијат.
Дел од обвинетите се товарат дека двапати му подметнале експлозивна направа под автомобил, а една дека му впериле пиштол во глава.
Стоименов во петок треба да се појави на судското рочиште и да сведочи што точно му се случило.
Сите обвинети кои се товарат за обидот за убиство врз Стоименов, пред судот тврдеа дека немаат врска со него, а првообвинетиот Игор Горански тврдеше дека токму Стоименов го нападнал во неговата дискотека во Виница, а некои дури тврдеа дека со Стоименов биле пријатели.
Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.