Црна хроника
Пукање во Арачиново, оштетени возила и продавници
Две возила и три продавници се оштетени при пукање од огнено оружје што ноќеска се случило во Арачиново, соопштуваат од МВР.
Според информациите од полицијата, 35-годишниот арачиновец Љ.А., додека се движел со своето возило „Мерцедес“, во петокот околу 00:15 часот бил пресретнат од три патнички возила во кои имало неколку лица, кои откако пукале од огнено оружје во негова близина се оддалечиле од местото на настанот.
Од пукањето повредени лица нема, а оштетени се две возила и три продавници.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.