Црна хроника
Едомесечен притвор за лицето што стрелаше кон локалот „Деспина“
Триесетдневен притвор му е одреден на 22 годишен скопјанец, осомничен дека пукал кон три лица кои се наоѓале пред угостителскиот објект „Деспина“, соопшти полицијата.
Притвор заработи С.С., додека 24 годишниот А.И., неговиот врсник А.М. и 22 годишниот Д.Т.П. се пуштени да се бранат од слобода.
Убиството во обид се случило минатиот понеделник (01.10) околу 05, 30 часот на улицата “Анастас Митрев“, поточно пред угостителскиот објект “Деспина“, каде С.С., А.М. и А.И. пристигнале со моторно возило „Голф 4“, управувано од А.И. и од возилото во движење, С.С. од задното седиште со огнено оружје пиштол, кој го поседувал без одобрение, испукал неколку проектили кон ноќниот клуб, пред кој биле три лица, оштетувајќи го моторот на кој седело едно од лицата.
Инаку, на извршувањето на кривичните дела претходела банална расправија помеѓу С.С., А.И. и А.М., кои биле во алкохолизирана состојба со една келнерка од локалот, по што двајца обезбедувачи од локалот ги отстраниле од објектот, но без притоа да има било каков физички контакт помеѓу нив.
Инаку, сите пријавени уште како малолетници се познати сторители имотни деликти, а по стекнувањето на полнолетност се извршители на кривични дела проследени со насилство, фалсификување пари и недозволено поседување на огнено оружје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.