Црна хроника
Велешанец читал на интернет и одгледувал марихуана во дворот
Полицијата заплени 43 стебла канабис сатива, високи од еден до два и пол метри, еден и пол килограм сува растителна материја од истото растение спакувана во 12 најлонски кеси, две хартиени пакувања за продажба и една вреќа во куќа во Градско, во која привремено престојувал 24-годишен велешанец.
Дрогата е пронајдена во вторник при претрес во куќата и дворот каде биле засадени стеблата канабис сатива. Во куќата полицијата пронашла и марихуана пакувана во различни амбалажи.
Велешанецот наместил дури и систем за наводнување на стеблата, и во разговор со полицијата признал дека за тоа како се одгледува канабисот се информирал од интернет.
„Осомничениот е приведен и задржан во просториите на полициска станица Велес. Од обавениот разговор со истиот добиени се сознанија дека семките од растението ги посеал во март годинава и намерата му била дрогата да ја продаде надвор од државата, односно, по негово кажување во Црна Гора каде повремено работел“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Одземената дрога е предадена во одделот за криминалистичка техника на МВР за понатамошно вештачење, а против велешанецот ќе биде поднесена кривична пријава. Ова му е прво кривично дело на велешанецот./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.