Црна хроника
Уапсена групата на Лука Бојовиќ во Шпанија
Околу 15 лица, државјани на Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, поврзани со криминалната група на Лука Бојовиќ се уапсени во Шпанија, јавува Блиц.
Меѓу уапсените се братот на Лука Бојовиќ, Никола, како и сопругата на Лука, Барбара. Уапсените се сомничат дека во рамките на групата се одговорни за ликвидации, криумчарење кокаин од Јужна Америка кон Шпанија и земјите од ЕУ и перење на пари.
Српскиот премиер, Ивица Дачиќ кој е во посета на Унгарија на форум за министри на полиција, потврди дека во заедничка акција на Србија и Шпанија, во четврток во седум часот на Канарските острови уапсена е сопругата на Бојовиќ и неговиот брат.
Лука Бојовиќ е водач на „Земунскиот клан“, криминална група, на чие чело застана во март 2003 година, по убиството на премиерот на Србија, Зоран Ѓинѓиќ и полициската акција „Сабја“, во која беа убиени претходните шефови на групата Душан Спасоевиќ и Миле Луковиќ.
Бојовиќ од Србија побегна во јуни 2010 година по што беа уапсени Сретко Калиниќ и Милош Симовиќ по нивната меѓусебна пресметка во Загреб.
Бојовиќ е правосилно осуден на 14 месеци затвор поради недозволено држење на оружје и на осум месеци за фалсификување на лични документи./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.