Црна хроника
Запленети скоро 14 килограми хероин вреден над милион евра
Полицијата заплени 13,5 килограми хероин на влезот во Македонија од Бугарија на граничниот премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, вреден повеќе од 1.000.000 евра.
Дрогата била пронајдена под тапацирите од возачкото и совозачкото место во автомобил „Волво“ со тетовски регистерски таблици, со којшто управувал педесет и четиригодишен тетовец.
Хероинот бил спакуван во три специјално изработени фолии за да се избегне неговото пронаоѓање при рентген контролата на граничниот премин.
Тетовецот дрогата ја презел од Турчин и требало да ја транспортира во Македонија, каде турскиот државјанин требало да ја прифати и да ја транспортира до западноевропските земји, кои биле крајна дестинација.
Инаку, тетовецот и претходно се занимавал со дрога. Во 1999 година во Италија издржувал казна затвор во траење од пет години за недозволена трговија на седум килограми хероин.
Тетовецот во текот на денешниот ден ќе биде предаден на Истражен судија и ќе му биде поднесена кривична пријава за -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.