Црна хроника
Каменувана црквата „Света Петка“ во тетовско Милетино
Засега непознати сторители ноќта меѓу четвртокот и петокот ја каменувале црквата Света Петка во тетовското село Милетино
Случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на жител на селото кој живеел во близина на црквата, која се наоѓа на излезот од Милетино.
Полициска екипа излегла на увид по што е констатирано дека непознати сторители со камења нанеле дваесеттина вдлабнатини на фасадата на црквата што неодамна била обновена, а забележително била оштетена и влезната врата на објектот.
„Полицијата извршила увид и го фотодокументирала случајот по што работи на откривање на сторителите“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.