Црна хроника
Тројца српски навивачи претепани-еден тешко повреден
Тројца српски навивачи се повредени попладнево околу 14 часот кај стоковната куќа „Мост“.
Еден од навивачите е потешко повреден, прободен со нож и е задржан на лекување во Ургентниот центар.
Според информациите на СВР Скопје, поголема група ги нападнала тројцата навивачи од Белград кои имале 19 и 20 година.
Фрлале камења и шишиња кон нив, а деветнаесетгодишниот навивач бил избоден со нож во грбот. Кај другите двајца навивачи, лекарите констатирале тешки повреди.
Претходно, двајца црногорски државјани беа повредени во тепачка што се случи во 12.30 часот кај трговскиот центар Мавровка.
Според нивните изјави, црногорските државјани не биле дојдени во Скопје за фудбалскиот натрпевар меѓу Македонија и Србија.
Вечерва на арената Филип Втори се одигрува фудбалскиот натпревар меѓу двете репрезентации./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.