Црна хроника
Изготвено обвинението против Љубе за случајот Тушевски
Во Основниот суд 1 пристигнал обвинителниот акт против поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски и неколкумина обвинети за убиството на скопјанецот Марјан Тушевски.
Ова го потврдија за Макфакс од Основниот суд, но освен потврда не соопштија детали.
Адвокатот на Бошкоски, Владимир Ракочевиќ очекува во текот на денот да го добие обвинителниот акт.
Бошкоски кој беше министер во 2001 година, кога се случи убиството, неговиот шеф на обезбедувањето Зоран Трајковски, Сашо Јовановски викан Тупан, вработен во секторот за набљудување и следење при МВР и други полициски функционери се осомничени дека знаеле за убиството и го помагале.
Меѓу оние кои се во бегство има тројца Срби кои се сомничат дека се директни извршители на убиството.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега.
Мотивот за убиството сé уште не се открива, но неофицијално една од причината за убиството биле нерасчистени сметки и пари.
Како што пишува тогаш медиумите, Тушевски имал многу непријатели, бидејќи се занимавал со изнуда на пари, односно вршел рекет на речиси сите дуќани во трговскиот центар Беверли хилс и повеќе приватни претпријатија од Скопје.
Полицијата ова убиство го поврзуваше и со инцидентот што наводно се случил претходно, кога шурата на министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, бил претепан од неколку лица, а потоа со автомобил бил одвезен на Водно, каде што насилниците го оставиле и си заминале.
Според најавите, против Бошкоски ќе сведочи заштитен сведок, откако судот ја одби жалбата на адвокатите кои бараа да се да се отфрли заштитениот сведок.
Бошкоски сега е во затвор за нелегално финансирање на изборна кампања и злоупотреба на службената положба.крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.