Црна хроника
Скопјанец осомничен за превезување лажни азиланти
Триесетдневен притвор и кривична пријава за сторено кривично дело „Злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на европската унија и шенгенскиот договор“ заработи 34-годишниот скопјанец С.М.
Тој, на две семејства од скопско Инџиково и од Шуто Оризари им ветил дека за 1.800 евра ќе ги пренесе до Германија, каде би побарале азил. За услугата им наплатил 200, односно 350 евра.
Но, со цел да го избегне сомнежот на полицијата, тој се поврзал со непознато лице од Горно Блаце, чија задача било илегално да ги пренесе лажните азиланти на косовска територија, од каде осомничениот би ги превзел и би заминале во Германија.
„Планот за да го сторат тоа, а да не бидат откриени од полицијата, бил осомничениот да се поврзе со засега непознато лице од село Горно Блаце кој и претходно вршел слични кривични дела и кој добро го познава теренот, лицето од Горно Блаце да ги преземе членовите на двете семејства, илегално да ги пренесе на косовска територија, додека осомничениот планирал со празно возило планирал да ја помине границата и на Косово да ги превземе членовите на двете семејства“, објаснува Иво Котевски, портпарол на МВР.
Скопјанецот е уапсен на 14 октомври, при обидот со комбе преку граничниот премин „Блаце“ да замине на Косово. Иако комбето било без патници, во него се пронајдени багаж и лични документи од повеќе лица. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.