Црна хроника
Запленети 31.700 евра на „Табановце“ и „Богородица“
Царинските службеници на граничните премини „Табановце“ кон Србија и „Богородица“ кон Грција во средата спречија два обида за нелегално изнесување пари од државата и запленија вкупно 31.700 евра.
Во првиот случај, царинските инспектори од Одделението за истраги во координација со царинските службеници од царинската испостава Табановце – автопат открија три лица кои се обидоа да изнесат вкупно 32.700 евра од Македонија.
Инспекторите од Службата за борба против криумчарење при Одделението за истраги, по претходно спроведени оперативни дејствија дошле до сознание дека македонски државјанин, сопственик на продавница за обувки на Бит пазар, соработува со албански државјанин кој живее и работи во Будимпешта, а од кој македонскиот државјанин купувал обувки коишто ги плаќал во готово, најчесто во евра.
По извршената оперативна обработка на податоците за горенаведените лица, царинските инспектори во координација со царинските службеници од царинската испостава Табановце-автопат вчера, на излез од Република Македонија селектираа автомобил „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од осомничениот македонски државјанин. Во возилото како сопатници биле уште две лица, едното од нив, осомничениот албански државјанин и уште еден македонски државјанин.
При извршен личен претрес во посебни простории на самиот граничен премин, пронајдени се вкупно 32 илјади евра за кои лицата не поседувале никаков документ. Согласно законот, задржани се 18.700 евра, а против лицата ќе биде отпочната соодветна законска постапка.
Во вториот случај, царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално изнесување на 13 илјади евра.
Во вечерните часови, за излез од државата се пријавиле грчки државјанин, патник во такси возило со македонски регистарски ознаки. На прашањето на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговорило негативно, но при изршениот личен претрес, во ташниче со документи пронајдени се вкупно 23 илјади евра за кои не поседувал потврда за потекло.
Согласно Законот за девизно работење, 10 илјади евра му се вратени, а остатокот привремено е задржан.
Против лицето, Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на одговорноста./крај/ач/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.