Црна хроника
Тетовец ветувал евтин приклучок за струја
Триесет ипетгодишен тетовец измамил свој сограѓанин, ветувајќи му поевтино приклучување во мрежата на ЕВН.
Како што соопшти полицијата, З.И. го довел во заблуда И.Б. од Тетово дека ќе му помогне на неговиот објект во Тетово да биде извршен приклучок на електрична мрежа од страна на ЕВН за помал износ од реалниот, за што во два наврати И.Б. му дал 2.000 евра.
Откако И.Б. повторно се сретнал со З.И. со цел да види до каде е работата, З.И. побарал да плати во банка уште 2.000 евра на име на давачки и такси, по што од страна на екипа на ЕВН ќе биде извршен приклучокот.
Откако И.Б. видел дека е измамен, случајот го пријавил во полиција, а од преземените мерки е утврдено дека уплатите што И.Б. ги вршел во банка, всушност биле уплатувани на сметката на Х.Л., инаку соучесник во измамата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.