Црна хроника
Детонатор: Сведокот тврди дека бил на листата за ликвидација на обвинетите
Оштетениот Драганчо Стоименов, кого според обвинението, дел од обвинетите три пати се обиделе да го убијат, во четвртокот тврдеше дека имал сознанија дека бил прв на црната листа за ликвидација, што ја имале обвинетите во случајот од Кочани и Виница.
Според неговите сознанија, освен него на листата имало уште тројца виничани. Двајца од обвинетите, како што тврдеше сведокот, дури барале контакти од Косово и совети на кој начин да го ликвидираат Стоименов.
Ова го дознал од негов познаник, чие име не сакаше да го каже јавно поради безбедносни причини.
Сите информации кои ги изнесе Стоименов пред судот ги добил од свои познаници, а некои од нив муабетите ги наслушнувале по виничките кафулиња.
Во четвртокот на оштетениот во овој случај прашања му поставуваше судијката, обвинителката, адвокатите, а прашања им се дозволени и на обвинетите.
Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.