Црна хроника
Пронајдено нелегално оружје кај малоречанец
Секторот за внатрешни работи Тетово, со судска наредба, во четврток изврши претрес во домот и помошните простории на 23 годишниот Ф.С во тетовска Мала Речица, каде пронајде нелегално оружје.
При претресот, во бањата на куќата пронајдена е автоматска пушка со бајонет, без кундак, калибар 7,62 милиметри од кинеско производство, дрвен кундак за автоматска пушка и две рамки со пет куршуми од истиот калибар.
Пронајденото со потврда е одземено и ќе се вештачи, а Ф.С кој претходно повеќе пати е пријавуван за извршени тешки кражби на ова подрачје, e приведен и задржан во СВР Тетово.
Против него, поднесена е соодветна пријава, со која вчера беше изведен пред истражен судија на Основниот суд Тетово./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.