Црна хроника
Над девет килограми хероин откриени на Деве Баир
Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир во саботата на влез во Република Македонија пронајдоа и запленија 9,4 килограми хероин, вреден и до еден милион евра.
Околу 11:30 часот на граничниот премин за влез во државата се пријавило патничко моторно возило Volkswagen Passat со косовски регистарски таблички управувано од косовски државјанин Ќ.А.
На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно и додал дека доаѓа од Турција.
При првично разгледување на возилото, царинските службеници забележале дека предниот и задниот браник се преправани што бил доволен мотив да се пристапи кон детален преглед и претрес.
Притоа, во внатрешноста на металната правоаголна цевка, закитирана со автокит со плочка, која се наоѓа во пределот под задниот пластичен браник, прицврстенa со силикон на држачите на шасијата, пронајдена е непозната прашкаста кафеава материја во количина околу 5.500 грама, додека во предниот пластичен браник, исто така во металната правоаголна цевка, пронајдена се уште 3.900 грама од истата материја, или вкупно 9.400 грама.
При тестирање на материјата, тестерот за дрога покажа присуство на хероин.
Mатерија е дадена на вештачење во крим техника во МВР, од каде е добиен резултат дека се работи за хероин со висока чистота и со вкупна тежина од 9.445 грама. Се претпоставува дека оваа количина е еднаква на 20.000 дневни дози.
При распит на осомничениот косовски државјанин од страна на инспектори од Одделението за истраги утврдено е дека хероинот го набавил од Турција, а требало да го пренесе до Косово од каде веројатно понатаму ќе бил дистрибуиран на западноевропскиот пазар.
Цената на хероинот со оваа чистота во големопродажба изнесува околу 300 илјади евра, а доколку се продава во малопродажба, цената би достигнала и до 1 милион евра.
Против осомничениот поднесена е кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а предметот и осомничениот се предадени до надлежното Јавно обвинителство во нивна понатамошна надлежност и постапување.
Последниот ваков случај беше откриен на 16септември на граничниот премин Табановце-автопат. каде беа пронајдени 6.5 кг хероин, сокриени во специјално направени отвори во бандажите на македонски Volkswagen Passat.
Покрај ова, од Царинската управа информираат дека царинските службеници на граничниот премин Богородица во саботата спречија обид за нелегално внесување на странски чекови во износ од 154.896 евра.
Во вечерните часови,за влез во државата се пријави грчки државјанин управувајки возило со грчки регистерски ознаки. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола,лицето одговори негативно, но при извршениот преглед во возилото,пронајдени се непријавени четири странски чека со вкупна вредност од 154.896 евра.
Против лицето, Царинска управа ќе поведе постапка за утврдување на одговорноста. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.