Црна хроника
Љубоморен кумановец го избодел момчето на поранешната девојка
Љубоморен кумановец со нож го избодел момчето на својата поранешна девојка, соопшти МВР.
Триесетгодишниот кумановец во неделата околу 19 часот ги видел и им пришол на љубовниот пар додека седеле во кафуле на улица „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Почнале да се расправаат, па кумановецот извадил нож и неколку пати го прободел во градите триесет и петгодишното момче на неговата поранешна девојка.
Напаѓачот побегнал, а повредениот веднаш бил пренесен во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
За брзо време напаѓачот бил приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата се повредени
Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.