Црна хроника
Виничанец се обесил по три неуспешни обиди за самоубиство
Виничанец се обесил, по три неуспешни обиди за самоубиство, соопшти МВР.
Триесет и четиригодишниот Орце Ѓорѓиев, вечерта меѓу понеделникот и вторникот околу три часот во сопствената куќа, на улица „Борис Кидрич“, најпрвин си ги исекол вените со жилет, но не успеал да се самоубие.
Потоа се удрил со тап предмет од секира по челото, но повторно не успеал. Третиот пат се качил во помошна просторија од куќата и се обидел да се обеси со електричен кабел, но кабелот се скинал.
Виничанецот и по три неуспешни обиди не се откажал и зел пластично црево за вода и се обесил. Извршен е увид на лице место, и по наредба на истражен судија телото е предадено на семејството. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево тешко повредена кумановка
Вчера во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот И.А. од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.