Црна хроника
Откриен, но не и уапсен разбојник кој ограбил 14 банки
Полицијата откри разбојник кој ограбил вкупно 14 банки во Скопје од март до септември оваа година. Освен банки, ограбил и една бензиска пумпа и еден маркет и вкупно украл околу 5,5 милиони денари.
Станува збор за триесет и шестгодишен скопјанец Ф.А. познат како Фичо кој уште кога би малолетен лежел во затвор, а по полнолетството против него се поднесени седум кривични пријави. Крадецот е се уште во бегство и полицијата трага по него.
Крадецот ги извршил сите разбојништва на ист начин, маскиран со плетена црна капа фантомка, сив дуксер и плетени црни ракавици, под директна закана со огнено оружје.Последната кражба која и помогнала на полицијата да открие кој е се случила на 20-ти минатиот месец кога Фичо ја ограбил „Алфа банка“ на Партизански одреди.
Тој дошол на булеварот со автомобил „Ровер“ и пешки отишол до банката. По кражбата вработените во банката го активирале алармот кој е поврзан со агенцијата за обезбедување на имот и лица „Никоб“.
Патролната служба на агенцијата се упатила во правец на кружниот тек во населбата Хром и го забележала автомобилот и Фичо.
Но крадецот со голема брзина побегнал и се обидел да ги прегази обезбедувачите. Автомобилот го паркирал на улицата “Тодор Циповски- Мерџан“ каде што се пресоблекол, но бил забележан од едно лице кое било во непосредна близина.
Го оставил пиштолот, облеката и кесата со дел од парите во багажникот од возилото, додека маицата му паднала до возилото. Потоа извршен е и претрес во неговиот дом но крадецот се уште е во бегство./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.