Црна хроника
Разбојници нападнале брачен пар во нивниот дом во Мешеишта
Брачен пар од охридското село Мешеишта во четврток во ноќните часови бил нападнат од тројца разбојници во својот дом, кои од нив барале пари.
Како што соопшти полицијата, кривична пријава е поднесена против 27 годишниот С.К. од Мешеишта, неговиот врсник Г.П. од истото село, како и против 24 годишниот Д.М. од селото Оздолени.
Разбојниците се искачиле на вториот кат од куќата сопственост на брачната двојка В.К. и М.К. од селото Мешеишта и низ балконската врата, со употреба на физичка сила насилно влегле во една од собите. Заканувајќи им се со пиштол на оштетените пријавените од двајцата сопружници побарале пари по што физички ги нападнале нанесувајќи им повеќе удари по телото и тешки телесни повреди.
Откако сопругата М.К. насилно ја оттурнале по скалите, ставајќи и крпа во устата ја затвориле во купатилото, тројцата пријавени започнале да пребаруваат по собите. Притоа пронашле и одзеле околу 1000 денари во разни апоени.
При извршен претрес во домот на С.К. пронајдени се едно оружје за светлосно звучна сигнализација марка „Екол“ и 26 куршуми за гасен пиштол додека кај Г.П. пронајдени се еден гасен пиштол марка „Екол“ калибар 9 мм. со 5 куршуми во рамка. Овие, и другите пронајдени предмети, се предадени на вештачење . /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.