Црна хроника
Поднесено обвинение за случајот „Монструм“
Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје во петокот поднесе обвинение против шест лица за кривично дело Тероризам, за случајот „Монструм“.
Основниот суд Скопје 1 Скопје во петокот вечерта, кога беше истекуваше законски предвидениот рок за поднесување на обвинение, потврди дека го добил обвинителниот акт од страна на јавното обвинителство. „Поднесен е обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор против шест обвинети лица, и тоа против А.Д., А.И., А.И., С.Р. и Ф.А. за кривично дело Тероризам по чл.394-б ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ на РМ и против Х.А. за кривично дело Тероризам по чл.394-б ст.1 в.в. со чл.24 од КЗ на РМ“, се вели во соопштението на судот.Претходно, во четвртокот беше направена реконструкција на петкратното убиство и беше комплетирана истрагата за овој случај.Истражниот судија, Владимир Туфегџиќ изјави дека со реконструкцијата на која присуствуваа, истражниот судија, обвинители, адвокати и сведоци, се расчистиле многу битни прашања за овој случај.Тројца сведоци кои досега не побарале статус на заштитни, како и заштитниот сведок Е-1, кој бил маскиран, објаснувале што се случило на кобното место.На 12 април кај Смилковското езеро свирепо беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж. /крај/ап/фф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.