Контакт

Црна хроника

МВР санкционираше 35 свои вработени за една недела

Објавено пред

Против 35 вработени во Министерството за внатрешни работи поднесени се решенија поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од повеќе различни точки од Колективниот договор на МВР.

dobivaj vesti na viber

Притоа, на 22 вработени им е изречена мерка парична казна, а на по четворица вработени им се изречени мерки „предупредување“, „писмено предупредување“ и „запирање на постапката“, додека на еден вработен изречена му е мерка „условен отказ на договорот за вработување“.МВР го објави списокот на полицајци против кој се поднесени решенијата, од кој може да се забележи дека најчесто станува збор за консумирање алкохол, посета на дискотека во униформа по работно време и учество во тепачки, дури и со колегиА.А., полицаец во ПС за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (спиел на работното место),С.Н., полицаец во ПС за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (испукал еден куршум од службениот пиштол од невнимание),М.Т., пилот капетан во Хеликоптерската единициа, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци  (ја поминал наплатната рампа без да плати патарина),Џ.С., полицаец во ПС за БПС при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (му побегнало приведено малолетно лице), З.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (не повикал веднаш на разговор учесници во тепачка), С.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал  во тепачка), К.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал  во тепачка), М.Б., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал  во тепачка), И.В., полицаец за патрола и интервенции во СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (се степал со колегата за време на работа), Б.М., полицаец позорникар во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (не носел капа при спроведување службени дејствија и непристојно се однесувал кон странки), В.Т., полицаец позорникар во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од четири месеци (не носел капа при спроведување службени дејствија и непристојно се однесувал кон странки),П.К., полицаец позорникар во ПС ОН Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (земал керамидни блокови од плацот на соседот без негова согласност),М.Т., полицаец за БПС во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (управувајќи службено возило под дејство на алкохол удрил во пешак), В.Е., помошник дежурен полицаец во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена и е парична казна во износ од 5% од месечната плата во траење од шест месеци (не присуствувала на предавање што било задолжително, а за истото не го известила раководителот)Б.Д., полицаец за превенција во ПС ОН Кочани, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект), М.М., полицаец позорникар во ПС ОН Штип, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир во дискотека), С.К., водич на патролен тим во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), А.Ј., полицаец администратор во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), М.Т., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), В.С., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), З.М., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа),Ј.С., полицаец во ПО за ГП „Аеродром Александар Велики“ во Скопје, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (за време на работа го носел приватниот мобилен телефон),Н.А., полицаец позорникар во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека), З.Н., полицаец за патрола и интервенции во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека),К.М., полицаец за патрола и интервенции во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека),А.К., полицаец за превенција во СВР Велес, изречена му е мерка „предупредување“ (постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството),И.С., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (додека вршел обезбедување на објект, се оддалечил од работното место),  С.А., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (во униформа отишол во угостителски објект), М.С., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (во униформа отишол во угостителски објект) Ј.И., полицаец за патрола и интервенции во СВР Скопје, изречена му е мерка „условен отказ на договорот за вработување“ (се степал со колегата за време на работа).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга

Објавено пред

Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.

dobivaj vesti na viber

„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички

Објавено пред

Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија

Објавено пред

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.

dobivaj vesti na viber

На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија5 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија7 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија10 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија15 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија15 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија15 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија18 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет19 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет19 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...