Црна хроника
Словенец измамил велешка градежна фирма
Македонската полиција во вторникот објави дека поднела кривична пријава против државјанин на Словенија поради сомневање дека измамил велешка фирма и ја оштетил за близу 150.000 евра.
Кривичната пријава за сторено кривично дело „измама“ поднесена е против И.З., државјанин на Словенија, управител на Друштво за трговија „Гантекс“ ДООЕЛ Скопје, кој во септември 2008 година склучил договор со „Делта Пром“ од Велес за изградба на станбена зграда во Скопје.Пријавениот со лажно прикажување на факти го довел во заблуда претставникот на „Делта Пром“ ветувајќи му дека со продажбата на становите од објектот ќе му го исплати договорениот износ за изведба на работите, но наместо тоа, пријавениот со дел од паричните средства добиени од продажбата на становите го вратил кредитот земен од банка, по што ја напуштил државата, соопшти МВР. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.