Црна хроника
Тринаесетчлена група заработила 2 милиони евра со лажни фактури
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против 13 члена на криминална група и една фирма, кои преку лажни фактури заработиле 2,3 милиони евра., соопшти Финансиската полиција.
Главен организатор на групата бил скопјанец вмешан во случајот „Стара виолина“ против кого беше поднесена кривична пријава за нелегално поседување на оружје, откако полицијата му откри огромно количество оружје во неговиот стан и угостителскиот објект Стара виолина лоциран кај Влада.
Во текот на 2010 и 2011 година тој формирал група составен а од 11 лица, меѓу кои осум биле членови на групата, а тројца биле помагачи.
Тие имале задача да основаа правни субјекти, фирми, преку кои ќе се изготвуваат фактури со лажна содржина, за да го избегнат плаќањето на данокот на додадена вредност.
Тие наоѓале странски државјани без престој во Македонија, како и лица недостапни за полицијата, за да се отежни даночната контрола врз фирмите.
Кривична пријава е поднесена и против фирмата Еуро Актива ДОО Скопје и нејзиниот управител бидејќи користел лажни влезни фактури. Нелегално пријавил повисок влезен ДДВ и прокнижил лажни фактури.
Осум членови на групата изведени се пред истражен судија, додека петмина членови, од кои четворица се странци се недостапни за полицијата./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.