Црна хроника
Убиствата кај Смилковско езеро биле со цел да предизвикаат страв кај граѓаните
Обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро, според обвинението имале цел да предизвикаат несигурност кај населението и да ја нарушат безбедноста во земјава со предизвикување на страв кај граѓаните.
Убиствата биле извршени на езерото кое било под концесија на обвинетиот Фејзи Азири кој се товари за помагање.
„Обвинителството како мотив ја гледа огорченоста на обвинетиот зошто излетници престојуваат на неговиот приватен имот. Му сметале рибарите кои доаѓале на езерото“, вели адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, кој во среда го добил обвинението.
Тој смета дека обвинителството нема докази за делото за кое ги товари обвинетите, немало ниту биолошки траги, ниту, ДНК, ниту е најдено оружјето, единство имало снимени разговори меѓу обвинетите.
Како што ни изјави Рауфи, очевидци на убиството немало освен некои сведоци кои слушнале пукање.
На 12 април кај Смилковското езеро свирепо беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж.
Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.
Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство, а полицијата се сомнева дека избегале на Косово. Во истрагата беше испрашан и заштитен сведок, чиј иднетитет не смее да се открие. Претходниот заштитен сведок во истрагата за случајот „Монструм“, Хаки Хазири, побара да му го одземат статусот на сведок и сега е обвинет за помагање во тероризам. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.