Црна хроника
Полицијата има осомничен за убиството во Тетово
Полицијата има осомничен за убиството што се случи во Тетово во средата вечерта пред локалот Али Баба.
Станува збор за дваесет и двегодишен тетовец кој се уште е во бегство. Според информации од МВР, полицијата го пронашла автомобилот на осомничениот во близина на локалот Али Баба, кој е однесен во СВР Тетово за вештачење.
Извршен е и претрес во домот каде што живееле осомничениот тетовец, во сопственост на неговиот татко. Таму полицијата пронашла три гасни пиштоли, пет кујнски ножеви и еден нож на преклопување.
Пронајдените предмети се одземени за понатамошно вештачење. Во средата вечерта едно лице почина, а уште две други беа повредени во тепачка што се случи пред локалот Али Баба во Тетово.
Во локалот имало приватна забава којашто ја обезбедувале 38-годишниот Рамадан Адеми, 31-годишниот Нусрет Шабани и 30-годишниот Башким Цека од Тетово.
Обезбедувачите биле нападнати од три непознати лица на кои не им било дозволено да влезат во локалот. Еден од напаѓачите извадил нож и ги избодел тројцата обезбедувачи. Аслани им подлегнал на повредите, а другите двајца завршиле со повреди./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.