Црна хроника
Крадци врзале и ограбиле старец-иако се ослободил не успеал да ја спречи кражбата
Двајца маскирани крадци нападнале и ограбиле старец во гостиварското село Србиново, соопшти МВР.
Во четвртокот во 7 часот утрото осумдесет и двегодишниот старец влегол во неговата плевна, каде го нападнале разбојниците и му го украле рачниот часовник и паричник во кој имало 500-600 евра, 3-4.000 денари и клуч.
Му ги врзале рацете и нозете и влегле во неговата куќа, каде ја турнале на подот неговата сопруга. Од комодата украле 3-4.000 евра и златен накит.
Но старецот успеал да се одврзе и ги пресретнал крадците кога излегувале од неговата куќа и еден од нив го удрил со секира. Но крадите му ја зеле секирата и го удриле неколку пати по главата и избегале.
Старецот и неговата сопруга биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, но набрзо се пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид на лице место и се работи на откривање на разбојниците./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.