Црна хроника
Кривични пријави за управителот и за сопственикот на „Летс травел“
Полицијата поднесе кривични пријави против управителот и против сопственикот на охридската туристичка агенција „Летс травел“, поради сомнение дека измамиле дваесетина лица од Скопје, ветувајќи им летување на Северен Кипар.
Имено, управителот Ф.С. и сопственикот Х.Ч. на туристичка агенција “Летс травел“ ДОО Охрид во текот на јули и август годинава излажале седум лица од Скопје, ветувајќи им дека ќе им организираат аранжман за летување во Северен Кипар, барајќи од нив да уплатат парични средства во вкупен износ од 365.860 денари за која сума и ги оштетиле истите.
Оштетените лица откако склучиле договори за летување во Северен Кипар и ги уплатиле потребните парични средства на сметката на Туристичката агенција „Летс травел“ ДОО Охрид во Подружницата во Скопје, на неколку дена пред реализација на патувањето добиле телефонски повик од агенцијата додека некои од оштетените сами отишле во подружницата да се информираат за патувањето, при што им било кажано дека патувањето нема да се реализира и им било побарано трансакциска сметка за да им бидат вратени парите но до денес паричните средства не им се вратени.
Освен горенаведените седум лица до Државниот пазарен инспекторат доставени се пријави уште од 16 оштетени лица кои во Туристичката Агенција „Летс травел“ ДОО подружница Скопје, уплатиле аранжмани за летување во Северен Кипар во вкупен износ од 384.773 денари.
Од извршените проверки од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал утврдено е дека уплатените средства од оштетените лица на денарската сметка на туристичката агенција преку свивтови од девизната сметка се префрлени на сметката на фирмата Ле туристик Сервислер од Турција, сопственост на второпријавениот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.