Црна хроника
Охајо:Ги убила трите внуци и синот зошто сакала внуците да останат да живеат со неа
Пет безживотни тела се пронајдени во гаража во градот Толедо, во американската сојузна држава Охајо. Сите умреле труејќи се со јаглерод моноксид.
Како што пишува „УСА Тудеј“, полицијата верува дека 54 годишната Сенди Форд ги убила трите внуци, 10 годишната Пејџ, шестгодишниот Логан и петгодишната Медлин, како и својот 32 годишен син и вујко на децата. Полицијата ја повикал сопругот на Сенди кога се вратил дома и кога забележал чудна порака од својата жена.
Мотивот за стравичното убиство, наводно е грижа за децата. Имено, како што пишуваат американските медиуми, децата последните четири години живееле со бабата, но сега родителите сакале да ги земат назад. Заради тоа Сенди неколку пати се искарала со ќерката, заради што интервенирала и полицијата. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.