Црна хроника
Повреден ученик кај гимназијата „Јосип Броз Тито“
Ученик од гимназијата „Јосип Броз Тито“ попладнево е повреден со остар предмет во пределот на ногата, потврдуваат во СВР Скопје.
Пред скопската гимназија во центарот на градот забележително е присуство на полиција и Брза помош.
Според информациите на полицијата, инцидентот бил пријавен попладнево во 17.05 часот. Неколкумина непознати лица го нападнале 14-годишниот ученик, кој најверојатно бил прва година, пред влезот на зграда до гимназијата.
Момчето било прободено со остар предмет во ногата. Соучениците кои биле со него го одвеле ученикот во спортската сала на гимназијата и повикале Брза помош и полиција.
Повредениот ученик бил пренесен во градската болница „Свети Наум Охридски“. Освен оваа пријава, засега не се знае што точно се случило попладнево во близина на гимназијата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.