Црна хроника
Погубен убиец што ја избодел жртвата 138 пати и и’ ги отсекол дланките
Суров 38 годишен убиец од американската сојузна држава Охајо во вторникот е погубен, заради убиството извршено во 1997 година кога својата жртва ја избодел со нож 138 пати, и го пресекол грлото и и’ ги отсекол дланките.
„Добро сум, ајде да го направиме тоа“, биле последните зборови на убиецот Брет Хартман, пред да му биде вбризгана смртоносна доза пентобарбитал, пренесува АП.
Очигледно смртоносната доза што Хартман ја примил не делувала моментално, па убиецот почнал да делува на отровот дури по четири минути.
Хартман никогаш не го призна убиството на Винди Снајпс, што се случи на 9 септември 1997 година. Призна дека единствено имал сексуални односи со неа на денот на убиството, во нејзиниот стан. Тврдеше дека подоцна се вратил во нејзиниот стан и го открил телото, се испаничил и го исчистил станот пред да ја повика полицијата.
Хартман е 49 затвореник што е погубен во Охајо откако смртната казна повторно е воведена во оваа држава во 1999 година. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.