Црна хроника
Уапсен осомничениот за убиството на манекенката од Нови Сад
Полицијата рано во среда го уапси 25-годишниот Даријан Мусиќ, осомничен за убиството на манекенката Владислава Червенко.
Како што пренесува „Блиц“, Мусиќ е уапсен во Нови Пазар, а од утрово е префрлен во Нови Сад.
Владислава Червенко беше претепана до смрт во својот стан во Нови Сад. Безживотното тело на девојката е пронајдено пред две вечери во станот во новосадската населба Лиман. Жртвата била една од попознатите фотомодели која своевремено работеше за бројни модни агенции.
Како што дознава Блиц, Мусиќ веднаш по злосторството избегал од Нови Сад, а се верува дека планирал да побегне од земјата. Поради сомнеж дека му дала пари за бегство, новосадската полиција во вторник ја приведен и неговата мајка.
Мусиќ во вторник се огласи преку фејсбук пост со вознемирувачка содржина. Тој признал дека ја убил својата девојка бидејќи „го изневерувала со кој ќе стигне додека тој бил во затвор“ и пишува дека не му била целта да ја убие.
„Сочувство до семејството, не сакав“. Тој изразува љубов кон мртвото тело на Владислава и најавува дека ќе се самоубие.
Истражниот судија во Нови Сад вчера изјави дека според првите расположливи податоци, девојката во станот живеела заедно со момче./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.