Црна хроника
Неготинецот кој си ја уби мајка си ќе се лекува во Психијатриска болница
Неготинецот Димитар Спасов кој во јули годинава со нож до смрт ја избоде својата мајка ќе се лекува во психијатриската болница во Скопје, јавува велешкиот портал „Лисица“.
Ваква одлука донесе велешкиот суд, по предлог на вештите лица и јавниот обвинител. Според психијатриските вештачења тој боледува од параноидна шизофренија.
„Мислам дека ова е најдобро решение Спасов во моментот кога ја убил својата мајка бил во параноидна шизофренија и не бил свесен за делото што го сторил“, рече Андреја Радиновски, адвокат на обвинетиот.
Пред велешкиот суд Спасов изјави дека жали за тоа што го стори и дека во мислите му била само десет годишнината од смртта на неговиот татко.
Се до трагичниот настан Спасов важел за примерен граѓанин. Многумина беа изненадени кога тој кобниот ден брутално ја уби својата мајка и ја фрли во контејнер.
„Глетката навистина беше страшна, жената беше искасапена и целата во крв а и детето беше целото во крв дури и маицата му беше искината“, рече еден од сведоците.
Основниот суд побара психијатриската болница од Скопје на секои шест месци да ги информира за здравствената состојба на Спасов./крај/лисица/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.