Црна хроника
Кумановци се избоделе со нож на куќна слава
Двајца кумановци се избоделе меѓу себе со нож на куќна слава, соопшти МВР.
На куќната слава додека гостите јаделе и пиеле триесет и шестгодишниот Љ.Т. почнал да се расправа со десет години помладиот А.М.
Во еден момент Љ.Т. зел нож и му нанел повреди со нож на вратот А.М., додека тој му возвратил и го прободел во стомакот.
Во обид, домаќинката да ги раздели и таа се здобила со повреди на левата рака.
Повредените биле пренесени во болница, а полицијата работи на расчистување на случајот. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.