Црна хроника
Во експлозија во американски стриптиз клуб осум повредени
Најмалку осум лица се повредени во експлозија предизвикана од истекување на гас во петокот, неколку моменти по евакуацијата, која го разорила стриптиз-клуб во центарот на Спрингфилд во сојузната американска држава Масачусетс.
Началникот на полицијата во Спрингфилд, Вилијам Колинс за локалните медиуми изјавил дека и во текот на саботата работниците на локалната централа за дистрибуција на глас ја пребаруваат околината.
„Целата зграда е целосно срамнета со земјата“, изјавил Колинс во саботата во телефонски разговор со Reuters.
Фотографиите од местото на инцидентот прикажуваат згради со искршени прозорци, парчиња на улицата и амбулантни возила.
Очевидци изјавиле дека експлозијата била силна од којашто се затресла земјата и на ги бутнала минувачите во близина на барот а веднаш потоа се кренал голем густ облак од чад.
Осум лица се префрлени во локалната болница, но ниедно не е во критична состојба, потврдила за медиумите портпаролката на градската болница во Спрингфилд, Џејн Алберт./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.