Црна хроника
Скопјанец криел плaстичен експлозив и детонатори
Скопјанец на 53-годишна вораст во својот дом криел пластичен експлозив, уреди за активирање експлозиви и придушувачи за огнено оружје
Скопјанец на 53-годишна вораст во својот дом криел пластичен експлозив, уреди за активирање експлозиви и придушувачи за огнено оружје, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи, ненаведувајќи притоа за кој дел од главниот град станува збор, но напомнувајќи дека специјалните полициски екипи се уште работат на расчистување на случајот.
Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека лицето со иницијали В.С. во својот дом недозволено чува експлозивни материи, Единицата за недозволена трговија (ЕНТДО) изминатите денови ги презела неопходните мерки и активности за обезбедување на материјални докази. По извршените дополнителни оперативни проверки и по претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес на домот на пријавениот. При претресот пронајдени се две парчиња пластичен експлозив завиткани во хартија, две детонаторски каписли со жица, два уреди за активирање на експлозив со ознаки „Уси-Трибл8901“ со две излезни жици, два пригушувача „Жироскопи АП М-70“ и две батерии „Мега 9-V“.
По завршување на претресот, осомничениот е приведен во службените простории на скопската полиција, а тимовите на ЕНТДО сé уште работaт на дорасчистување и документирање на случајот околу потеклото на експлозивот и евентуална инволвираност на други лица во случајот. Пријавениот и порано е регистриран во евиденциите на МВР како сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.
На приведениотИстражен судија му е одредил мерка притвор во траење од 30 дена, а од Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, предвидени и казниво според чл.396 од Кривичниот законик./крај/мф/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.