Црна хроника
Кривична за извршителка
Единица за економски и компјутерски криминал при скопската полиција до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 52-годишната В.В. поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавената во својство на извршител во текот на август 2010 година со пречекорување на границите на своите овластувања и’ наложила на Агенцијата за катастар на недвижнини Скопје, а врз основа на Заклучок за намирување, спротивно на Законот за судовите на РМ, да изврши бришење на товар запишана во имотен лист за КО Центар 1 запишана на основа на Решение за привремена мерка издадено од Основен суд Скопје 2 Скопје. Со ваквата постапка дошло до промена на сопственоста на недвижен имот предмет на издадениот налог со што му е нанесена штета на сопственикот на недвижноста.
Имено, сопственикот на недвижноста до Основен суд Скопје 2 Скопје имал поднесено тужба за определување на привремена мерка против три лица за утврдување право на сопственост на два локала, по што судот донел Решение со кое на тужените им се забранува имотот да го оттуѓуваат, оптоваруваат со заложно право или на друг начин да располагаат со истиот а донесената мерка требало да ја прибележи Агенцијата за катастар на недвижности.
Сепак, пријавената во август 2010 година пречекорувајќи ги своите овластувања и’ наложила на Агенцијата за катастар на недвижности да ги избрише сите товари запишани во предметниот имотен лист, иако знаела за донесеното решение од страна на судот, по што во септември истата година дошло до промена на сопственоста на предметната недвижност и како соптвеник на една третина идеален дел кој припаѓал на едниот од тројцата тужени било запишано правно лице од Велес.
Дека пријавената го сторила кривичното дело доказ е и новодонесеното решение за привремена мерка од декември 2010 година од страна на Основниот суд Скопје 2 Скопје во кое било наведено дека и покрај издадената привремена мерка, имотот и натаму се оттуѓува и дека со тоа се попречува побарувањето на тужителот односно на сопственикот на недвижноста, со што дошло до усложнување на судскиот процес па наместо три тужени страни судската постапка е проширена и на четврта тужена страна, односно правното лице од Велес. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.