Црна хроника
Адвокат од Велес фалсификувал уплатници
Наместо во својство на бранител или тужител, адвокат од Велес најверојатно ќе седне на обвинително клупа, откако во Основниот суд во Велес откриено е дека тој со фалсификувана уплатница ги комплетирал досиејата за 80-тина граѓани кои ја тужат ЕВН за наплата на манипулативни трошоци, јавува Лисица.
Адвокатот наместо на име судска такса да уплати 480 денари, со вирманска уплата уплаќал само 80 денари, подоцна на истиот вирман ја допишувал четворката и таквата уплатница ја прикачувал во предметот кој го доставувал во Судот.
„Разликата на впишаните бројки била очигледна, за кратко време сомнежите за фалсификуван налог се потврдија. Случајот го следевме, од Банката добивме потврда дека е улаќано по 80 денари, го комплетиравме и го предадовме во полиција“, вели Јордан Лазаров, претседател на Основниот суд во Велес.
Првичните судски пресметки говорат дека адвокат на овој начин го оштетил буџетот на Република Македонија за 32.000 денари.
Полицијата потврди дека работи на случајот, и по завршување на истрагата ќе испадне со информација дали ќе биде побарано од Основното јавно обвинителство започнување на судски процес./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.