Црна хроника
Камиони излетаа кај Маврово поради голомразица на патот
Три камиони утрово излетале од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Гостивар, во близина на селото Бунец, а друг камион се удрил во банкина и се судрил со уште еден камион, соопшти СВР Тетово.
Причина за сообраќајките била голомразицата која се појавила на патот поради ниските температури. Жртви нема причинета е материјална штета.
Според информациите од тетовската полиција, околу 7 часот, три камиони излетале од патот додека се движеле кон Гостивар, но успеале да се вратат на коловозната лента.
Четвртиот камион пак најпрвин удрил во банкина, а потоа во возило на „Македонија пат“.Сообраќајот на овој патен правец се одвивал отежнато по една лента, бидејќи се уште траел увидот од сообраќајките.
Од тетовската полиција апелираат возачите да бидат внимателни во возењето на овој патен правец, особено наутро и навечер, кога температурата се спушта и до – 6 степени./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.