Црна хроника
Запленетите егзотични животни вределе 4.000 евра
Егзотичните животни што беа запленети во четвртокот попладнето се проценуваат на 4.000 евра и се заштитени видови.
Возачот требало да ги пренесе животните на некое лице од Битола, а ги преземал од српски државјанин во близина на Белград. Возачот тврди дека не го познавал српскиот државјанин и дека тој му ги донел животните спакувани во кутија, залепена со селотејп.
Во вторникот околу 20 часот на граничниот премин Табановце во камион со бугарски регистерски таблици беа откриени 20 млади живи егзотични животни. Во кутијата имало кралски питон, пченкарна змија, млечна змија, калифорниски кралски змии, камелеон, леопардов гекон, голема шкорпија.
Животните биле, млади, а со нивното растење и стареење нивната цена се повеќе би растела и би се зголемувала.
Веднаш по откривањето, животните се одземени и сместени во Зоолошката градина Скопје, во соодветни услови за нивно чување./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.