Црна хроника
Тешка кражба во стан во Аеродром, причета штета од 5.000 евра
Тешка кражба била извршена пред два дена во стан во скопската населба Аеродром, при што крадецот се стекнал со имотна корист вредна околу 5.000 евра, соопшти во саботата МВР.
Кражбата се случила во четвртокот во периодот од 17,00 до 20,45 часот, на бул.„Јане Сандански“, кога во станот сопственост на В.З. (63), непознат сторител со погоден алат делувал на бравата од влезна врата од станот, влегол внатре и направил пребарување, при што одзел златен накит, 60.000 , мобилен телефон и женски рачен часовник марка „Кавали“, со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна вредност од околу 300.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.