Црна хроника
Творецот на антивирусот McAfee уапсен поради убиство
Творецот на компјутерскиот антивирус McAfee, Џон Мекафи, е уапсен од полицијата на централноамериканската држава Белизе под сомнение за убиство, објави неговиот официјален блог whoismcafee.com.
Според министерството за внатрешни работи на Белизе, Џон Мекафи го застрелал американскиот градежник Грегори Ваинт Фол во средината на ноември, а причината за инцидентот била расправија за кучиња. Претходно, американската телевизиска мрежа Fox News објави дека Мекафи е осомничен за вмешаност во нелегалната трговија со дрога во Централна Америка. Во последните неколку седмици тој се криел од властите.
„Добивме сѐ уште непотврдени (официјално) информации дека Џон Мекафи е уапсен на границата меѓу Белизе и Мексико“, се наведува во текстот објавен на блогот.
И претходно творецот на антивирусот McAfee имаше проблеми со законот. Според медиуми, во мај 2012, полицијата на Белизе го претресувала неговиот дом и го привела Мекафи. Подоцна тој беше обвинет за нелегално поседување оружје и производство на наркотици, но потоа овие обвиненија беа повлечени.
Компанијата „McAfee“ развива антивирусен софтвер, а нејзиното седиште е во Санта Клара, во американската сојузна дражва Калифорнија. Во февруари 2011 година, компанијата „Intel“ ја стекна сопственоста врз неа за сума од 7,68 милијарди американски долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.