Црна хроника
Охридската полиција откри сторител на пет кражби
Поради постоење на основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ охридската полиција поднесе кривична пријава против С.А(22) од Охрид, кому истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот, во текот на минатиот месец, ги извршил казнените дела на подрачјето на Охрид со употреба на подесен алат (штрафцигери) и со физичка сила, при што мошне вешто се качувал преку балконите, ги користел олуците и другите метални конструкции по што влегувал во домовите, вршел брзо пребарување по собите одземајќи пари, златен накит, накит „сваровски“, мобилни телефони и повеќе други вредни предмети и се стекнал со против-правна имотна корист од околу 300.000 денари. Инаку, пријавениот е познат извршител на вакви и слични казнени дела за што е кривично пријавуван и осудуван. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.