Црна хроника
Го натепала сопругот, па со бејзбол палка малтретирала негова познаничка
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 32-годишната С.Б. за насилство, противправно лишување од слобода и телесна повреда при вршење семејно насилство.
Пријавената во понеделникот околу 18:30 часот во семејната куќа започната расравија со нејзиниот сопруг, 36-годишниот Т.Б., по што физички го нападнала, нанесувајќи му повреда на главата.
Потоа, таа заминалата во домот на 22-годишната кумановка С.И., инаку познаничка на нејзиниот сопруг, по што почната да ја навредува и со бејзбол палка да и’ се заканува по животот, за потоа насилно да ја внесе во нејзиното возило и физички да ја матретира.
Потоа нападнатата ја однела во домот на мајката на нејзиниот сопгуг, каде повторно ја навредувала. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.