Црна хроника
Седмооделенки се затруле со дијазепам

Три ученички во седмо одделение во основното училиште „Даме Крапчев“ во скопската населба Маџари во среда се затруле со таблети дијазепам, соопшти МВР.
Две од девојчињата биле штитенички во Детско село, но сè уште не се знае причината поради која ги испиле таблетите.
Во среда околу 12.30 часот, професорката по историја забележала дека девојчињата се однесуваат чудно и не ја следат наставата.
Таа утврдила дека за време на паузата ученичките испиле неколку таблети дијазепам. Ученичките веднаш биле пренесени во Ургентниот центар./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во Братислава. Тие се обвинети за соучесништво во убиство.
Третиот напаѓач е македонски државјанин. Како што пишува „Блиц“, тој бил уапсен во Словачка. Сепак, од словачката полиција информираат дека врз македонскиот државјанин сè уште не е покренато обвинение.
Уапсените Срби се на возраст од 21 и 26 години и доколку се докаже вината, ги очекува казна затвор од седум до десет години.
Во неделата околу 5 часот утрото полицијата во Братислава добила повика дека пред Главната пошта во центарот на градот лежи млад човек без знаци на живот. Итната помош стигнала на лице место и констатирала смрт.
Полицијата објави видеоснимка од надзорните камери на која се гледаат напаѓачите и ги замоли граѓаните да се јават доколку препознаат некој од нив. Нивните фотографии го обиколија регионот, по што следеа апсењата, пишува „Блиц“.
Топ
Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од с.Порој, Tетовско, изгубило контрола и излетало од патот, при што удрило во Е.М.(76) од Охрид и паркирано патничко возило со охридски регистарски ознаки.
Во незгодата, Е.М. се здобил со тешки телесни поврди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Маж пријавил злоупотреба на личните податоци на „Фејсбук“

Во тетовската полиција, С.И.(65) од Тетово пријавил злоупотреба на лични податоци од страна на лице од Делчево.
Според пријавеното, лицето на „Фејсбук“ објавило негова фотографија и навреди упатени на негова адреса.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми