Црна хроника
Приведен командирот на Езерската полиција
Во акцијата за сузбивање на рибокрадството, што под оперативно име „Пента“ утрово околу 6 часот ја спроведе МВР, приведени се повеќе лица од Охрид и Струга, меѓу кои и командирот на Езерската полиција, информираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодороски.
„Рано утрово МВР го лиши од слобода командирот на Езерската полиција Дарио Клечкароски поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата..Командирот подолго време како организатор организирал група која неовластено ловела риба од Охридското Езеро и истите ги продавала на угостителски објекти и на други лица низ Република Македонија. Утрово покрај него лишени се од слобода уште три лица од Струга и од Охрид кои вршеле незаконит риболов“ изјави Тодороски.
Акцијата полицијата ја започнала во месец јули во соработка со јавното обвинителство. Приведениот командир ги известувал лицата од групата кога можат непречено да вршат криволов. За да избегне сомнежи групата од време на време поставувала стари мрежи во езерото кои потоа биле прикажувани како запленети во активности за спречување на рибокрадството.
При апсењето на членовите на групата, во домовите на приведените бил запленет риболовен алат и одредена количина риба.
Против приведените поднесена е соодветна кривична пријава и тие се предадени на Основниот суд во Охрид./крај/охридњус/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.