Црна хроника
Возач на автобус нелегално сакал да внесе 900 илјади денари во државата
Мобилните царински инспектори во четврток спречија обид за нелегално внесување на 900 илјади денари преку граничниот премин Ќафасан.
Имено, во четврток попладне за влез во државата на граничниот премин Ќафасан се пријавил автобус со гостиварски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, кој сообраќал на редовна релација Италија-Македонија.
Иако возачот одговорил дека нема ништо да пријави за царинска контрола, царинските инспектори пристапиле кон преглед на автобусот и во пределот наменет за багаж на персоналот (возачот) пронашле најлонска ќеса со 1.020.000,00 денари за кои возачот не поседувал никакви документи.
Согласно законските прописи, 120 илјади денари му се вратени на возачот, а 900 илјади се одземени.
Парите се депонирани во Трезорот на Народна Банка на Република Македонија, а против прекршителот е изготвен записник за сторен девизен прекршок и започната е постапка за утврдување на одговорност пред Комисијата за прекршоци при Царинска Управа на Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.