Црна хроника
Двајца Албанци, еден македонски државјанин и Србин го организирале шверцот на марихуаната
Двајца албански државјани, еден македонски и еден српски државјанин го организирале шверцот на 152 килограми марихуана којашто беше запленета во струшко.
Станува збор за албанските државјани Алберт Лимај, Фелим Стратај, македонскиот државјанин Абдула Рамадани и српскиот државјанин Драган Пуповац.
Двајцата албански државјани изминативе месеци ја купиле марихуаната од засега непознати лица од Албанија и ја спакувале во 47 пакувања и ја сместиле во четири големи платнени торби кои ги транспортирале од Албанија во Македонија.
Марихуаната му ја продале на македонскиот државјанин кој требало да ја транспортира во Србија и да му ја продаде на Србинот за 1.000 евра од килограм.
Завчера албанските државјани со автомобил марка „мерцедес“ влегле во Македонија преку граничниот премин „Ќафасан“ и се сретнале со македонскиот државјанин.
Тој тргнал со комбе марка „мерцедес“ на магистралниот пат Струга – Ќафасан во селото Мали Влај и ги зел четирите торби во кои била спакувана марихуаната.
Торбите ги ставил во товарниот простор на возилото и се упатил кон Струга, а потоа кон Скопје. За цело време пред него возеле албанските државјани во улога на „чистачи“.
Комбето било запрено завчера вечерта на магистралниот пат Струга – Охрид и при претресот била најдена дрогата, а македонскиот државјанин бил приведен. Албанските државјани биле приведени на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на село Другово. Истражен судија на сите тројца им одредил 30-дневен притвор, а по Србинот се уште се трага.
Дрогата од Албанија, преку Македонија требало да биде пренесена во Србија за понатамошен транспорт во западноевропските земји. Марихуаната била висококвалитетна, на нарко пазарот позната како сканк.
Во последните десет дена полицијата заплени над 660 килограми марихуана и хероин додека годинава биле запленети вкупно 850 килограми различен вид на дрога./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.